Денеска (16.02.2023) околу 12.00 часот на Зелен пазар, во центарот на Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип.

– Тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба на дрзок начин, при што од С.Т. од Скопје одзел накит. Кај него бил пронајден одземениот предмет и бил вратен на сопственичката, информира МВР.

Е.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.