Студентски отпор како организација која се залага за подобрување на студентскиот стандард и актуелизирање на сите студентски проблеми, овој пат застанува со поддршка за студентите од правен факултет кои спонтано се самоорганизираат да протестираат по повод измените во кривичниот законик, информираат од таму.

„Ја поздравуваме секоја иницијатива, активизам и борба на сите студенти во било која форма, затоа што само со масовен отпор на сите фронтови за сите проблеми, можеме да се избориме за подобрување на студентскиот стандарт и студентите воопшто“, се нагласува во нивното соопштение.

Студентски отпор, како што велат, го поддржува протестот на студентите кој ќе се одржи денес пред Влада на Р.Македонија во 18:00 часот.