Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информира дека до 18 часот се евидентирани вкупно 23 пожари на отворен простор низ земјата. Од нив, 17 се целосно изгаснати, додека три се активни, но се под контрола.

Активни пожари се забележани кај село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија

ЦУК посочи дека пожарите кои се под контрола се на локациите скопско Трубарево, депонијата „Дрисла“ во Скопје и делчевската депонија „Острец“. На сите активни точки се преземаат итни мерки за целосно гаснење и заштита на околината.