24 ноември ќе биде прогласен за ден на национална жалост. Ова го соопшти вицепремиерот Галаб Донев во Варна, информира Dariknews.bg.
Така ќе им се оддаде почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.
Одлуката се очекува да ја соопшти Советот на министри. Денот на жалост ќе биде заеднички во Бугарија и Македонија, најави Донев.
Владата на Република Македонија прогласи тридневна жалост. Државните знамиња пред зградата на Владата се спуштени на половина.