Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората трансплантација кај 40-годишен пациент со хронична бубрежна болест.
– Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести, соопшти Министерството за здравство.
Двата бубрега доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.
Претходно, на 22 годишен пациент кој имал сериозно заболување на срцето, му е трансплантирано срцето од починатата девојка.