Шефот на маркетинг на Ен-Би-Си, Ден Ловингер, изјави на прес-конференција дека рекламното покривање на 52. Супербол, што ќе се одржи на 13 февруари идната година, е речиси распродаден, а преостанатите неколку термини се чуваат за „посебни клиенти“.
Во текот на 50. издание на Суперболот, за 30 секунди рекламирање беа платени 5,5 милиони долари, што беше незначителен пад во однос на една година претходно кога беше потребно да се издвојат 5.6 милиони долари.