Осум лица беа повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на италијанскиот град Модена, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од триесет години, е уапсен и не е во нема друга опасност.

Местото на настанот брзо беше опколено со полициска лента, додека бројни амбулантни возила пристигнаа за да им помогнат на повредените директно на улицата.

Како што објавија локалните медиуми, на жена што беше удрена од автомобилот веројатно ќе ѝ бидат ампутирани двете нозе.

Автомобил „Цитроен Ц3“, кој доаѓал од областа Ларго Гарибалди, удрил во група пешаци, а возачот кој беше повреден во несреќата, потоа избегал пеш и наводно избодел еден од минувачите кои успеале да го запрат и да го задржат додека не пристигнала полицијата.

 

Италијанските медиуми јавуваат дека напаѓачот е Салим Ел Кудри, Италијанец со мароканско потекло, кој претходно бил на психијатриски третман. Тој моментално е на испрашување во полициската станица во Модена.

На социјалните мрежи се појави видео од автомобил кој удира во пешаци. Предупредуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина.