За време на досега одржаните разговор меѓу двајцата лидери, Јанев го изрази ставот на Бугарија за напредокот на Република Македонија во нејзините напори за влез во Европската Унија. Тој му посочи на Заев дека во односите со Македонија, Бугарија се води од разбирање дека зајакнувањето на довербата и враќање на дијалогот се основа на изнаоѓање одржливи решенија.
По разговорот лице в лице меѓу Јанев и Заев ќе се одржи средба во проширен состав меѓу делегациите на двете земји.