Полициската станица Гевгелија во денешната пријава во 09:40 часот добила известување дека во куќа во село Селемли, лоцирано во гевгелиско, било откриено безживотно тело на 43-годишен маж.
По преглед од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија, констатирана е смрт, а увид на лице место извршила екипа на Секторот за внатрешни работи од Гевгелија, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото е предадено на обдукција.