Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека одлуката за протерување на руските дипломати е донесена по тековните тензии и непријателски дејствија, и персоналот на амбасадата и дипломатите ќе мора да ја напуштат до 15 август.
Неколку дипломати од руската амбасада во Република Молдавија денес ја напуштија земјата со чартер авион, откако беа протерани. Летот требаше да полета во 9:00 часот со приближно 100 луѓе во авионот.
Демонстрации за поддршка на протераните дипломати се одржаа пред руската амбасада.
Молдавија кон крајот на јули објави дека протерува 45 руски дипломати и други вработени во амбасадата, откако извештаите покажаа дека е инсталирана нова опрема за надзор на покривот на руската амбасада и соседната зграда што ја користи Русија.
Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васњецов, откако беше повикан, изјави дека одлуката е предвидлива и дека не се презентирани докази за обвинувањата.
Москва и руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквата одлука нема да остане неодговорена.