48 пациенти надвор од државата
Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.
Таравари: Владата и Министерството постапија максимално одговорно
Непроменета состојба на останатите пациенти
Состојбата на пациентите останува непромената. Поточно ова значи дека остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информираа од МЗ. Останатите пациенти се во стабилна состојба.
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“. 48 пациенти остануваат на лекување во странство.
Пациент пуштен на домашно лекување
Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување.
Вратен пациент од Марибор
Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор.
Министерството за здравство активно ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
Извор: МРТ