Брендирање за транспарентност и спречување злоупотреби
Службата за општи и заеднички работи на Владата започна постапка за брендирање на сите службени возила во државата. Целта е до почетокот на кампањата за локалните избори, односно до 29 септември, сите возила во сопственост на институциите да добијат специјални регистарски таблици во боја.
(ВО ЖИВО) Прес-конференција: Службените возила од утре од црвени регистарски таблички
Опфатени околу 7.500 возила
Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, изјави дека станува збор за 7 до 7,5 илјади возила, при што МВР презело обврска до крајот на годината да воспостави целосен регистар на службени возила. Тој додаде дека институциите имаат рок до 15 септември да ги заменат таблиците, а доколку не го направат тоа, ќе следува дополнителен повик.
Исклучоци и први брендирани институции
Правилникот предвидува брендирање на сите возила во државна сопственост – владини, општински и возила на јавни претпријатија, со исклучок на дел од специјалните возила на МВР и Агенцијата за национална безбедност. Веќе се брендирани возилата на СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа.