Несреќата се случила околу 20 часот, на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, кога патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од момчето од село Брест, удрило во пешакот.
Мажот загинал на самото место, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.
Возачот бил пренесен во градската општа болница „8 септември“, каде му биле констатирани телесни повреди..
Попладнево Обвинитеслството соопшти дека поведува постапка за случајот спрема дете за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое што со закон е определено како кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Од обвинителството велат дека момчето на возраст од 17 години немало важечка возачка и не ја приспособило брзината на движење кон состојбата на патот и со предниот дел од автомобилот удрило во пешакот кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин.
Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор спрема детето поради опасност од бегство.