Бесмира Ејупи ќе биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк, откако синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот.
Освен за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петри Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат – објави МКД.мк
Дипломатски извори ги потврдиле двете информации за МКД.мк.
Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според извори на проталот испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ.