Луксузниот хотел наречен „Grande Pettine“е на плажа на Црното Море, а денеска е погоден од руски проектил и целосно разурнат.
Кога проруското движење во Одеса беше на својот врв – пред околу 10 години – комплексот одржа конференции посветени на братството на Украина и Русија. Едниот беше наречен: „Предизвици на глобалната криза: единство на Украина и Русија“.
Местото привлече руски ток-шоу личности и некои од врвните руски политичари. Сè уште е во сопственост на бизнисмен кој е истакнат во проруската Партија на регионите.
Викендов „Гранд Петин“ беше погоден од најмалку една руска крстосувачка ракета, при што претрпе сериозни оштетувања.
Со оглед на убавите сеќавања на влијателните Руси за топлината и луксузот што ги нуди одморалиштето на Црното Море, се чини малку веројатно дека хотелот бил намерна цел.
Си-Ен-Ен го контактирале хотелот и им било кажано дека не може да дадат одговор додека не заврши утрешниот полициски час.
„Зградите на хотелскиот и ресторанскиот комплекс, како и комуналната инфраструктура се уништени и оштетени. Нема жртви и повредени“, соопшти денеска обвинителството во Одеса.