Европската Комисија денеска даде преодно зелено светло за нацрт буџетот на Хрватска во рамките на европскиот Фонд за закрепнување, јави дописничката на МИА од Брисел.
Овој фонд е воспоставен како одговор на кризата со Ковид-19 и буџетските проблеми кои ги предизвика оваа пандемија. Секоја земја членка сега треба да поднесе нацрт буџетски план до Европската Комисија за да ги користи фондовите за закрепнување што се ставаат на располагање.
Хрватска својот план го поднесе на 15 март и бара 700 милиони евра во грантови. Планот предвидува реформи во здравството, социјалната политика, образованието, јавната администрација, борбата против корупцијата, енергијата, транспортот, управувањето со води и енергетската ефикасност на зградите.
Реформите и инвестициите предвидени во планот ќе бидат поддржани со до 6,3 милијарди грантови. 818 милиони веќе доби Хрватска како предфинансирање во септември минатата година. Исплаќањето на парите е условено со применување на инвестициите и реформите зацртани во планот.
Сега на ред се земјите членки кои треба да го одобрат нацрт планот.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави ова преодно одобрување на Европската Комисија.
-Хрватска ќе добие 700 милиони евра во грантови, рече таа и ја пофали земјата за нејзиниот напредок во имплементирање на реформите и инвестициите во рамките на националниот план за заздравување.
Посебно се пофалени реформите во пазарот на трудот и социјалната заштита.