Финската премиерка Сана Марин, зборувајќи по официјалното соопштение дека земјата ќе влезе во НАТО, рече дека потегот е неопходен по инвазијата на Украина.
-Кога ја гледаме Русија, гледаме сосема поинаков вид на Русија од онаа што ја видовме пред само неколку месеци, рече Марин, одговарајќи на прашање на Скај њуз.
-Сè се смени кога Русија ја нападна Украина и јас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија ако сме сами. Затоа ја носиме одлуката за влез во НАТО. Тоа е чин на мир, рече Марин.
-Имавме војни со Русија и не сакаме таква иднина за себе или за нашите деца, додаде таа.