Незамисливо е да зборуваме за визијата на нашата земја за следните десет или дваесет години, без активно учество на популацијата која е најзасегната, која треба да биде двигател на промените во државата и на севкупниот општествен прогрес, истакна претседателот Стево Пендаровски на Визионерската работилница со млади што денеска се одржа во неговиот Кабинет.
Целта на работилницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, е преку утврдување на нивните главни предизвици, младите да придонесат и да учествуваат во креирање на визијата за иднината на државата во следните 20 години.
-Факт е дека најголемата одговорност треба да ја преземат државата и институциите, но, за креирање на успешна развојна стратегија, која сакаме да испорача резултати на среден и на долг рок за нашата држава да стане подобро место за живеење, неопходно е да партиципираат сите чинители во општеството – и теоретичари и практичари, од бизнис секторот, академската заедница, од граѓанските здруженија, вклучително и секој поединец со добри идеи. Имаме најголеми очекувања од вашата генерацијÐ °, која благодарение на глобализацијата и дигиталната писменост има поголем пристап до информации и далеку повеќе потенцијал за нудење на креативни концепти, рече Пендаровски.
Шефот на државата ја поздрави поддршката од УНДП за процесот на изработка на Рамката за развој МКД 2030 и Националната стратегија за развој 2022-2042, како и нивната иницијатива преку која се имплементираат визионерски работилници со низ целата земја, со различни групи на граѓани со цел да се добие што е можно поинклузивен процес на изработка на Националната развојна стратегија.
На работилницата се обратија и заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за образовaние, Јетон Шаќири.
Визионерската работилница со млади се одржа под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија.