Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и во наредната година ќе игра во втората лига. Скопскиот клуб веќе го договори и претстави првото засилување за натпреварувачката 2022/2023-тоа е напаѓачот Симеон Христов.
Се работи за играч кој потегнува од школата на вардарци, има настапувано и за првиот тим, па треба да биде сериозно освежување, засилување за офанзивната линија со оглед на искуството кое го поседува.
Христов освен во Македонија има играно во Унгарија, Албанија и Мјанмар. Во Вардар доаѓа од Работнички.