Управата за јавни приходи објавуви Листа на должници бр.05/2024 за долгови доспеани до 31.01.2024 и неплатени до 30.04.2024 година. Ваквата листа на должница се однесува за оние кои ѝ должат на државата по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа, исто како и за претходните се најдоа голем број државни и приватни компании. Единствен од фудбалските клубови кој е должник е најтрофејниот ФК Вардар кој должи 48.660 207 денари (околу 800.000 евра) за придонеси од плати и од Данок на додадена вредност. Овој долг се однесува на побарувања досепани заклучно со 31.01.2024, а истите не се платени до претходниот месец, крајот на април годинава.

Вреди да се напомене дека градоначалничката Арсовска ветуваше дека ќе го врати салдото на нула, но засега нема ништо преземено во однос на клубот, освен тековите работи кои произлегоа.

Во продолжение еве детално која е сумата која се должи:

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар моментално поминува низ еден од најмрачните периоди во неговата историја. Соочувајќи се со потрагата по стабилен спонзор македонскиот бренд се бори со опстанокот во Првата лига. Фудбалскиот клуб игра бараж натпревар со Детонит Плачковица во кој директно ќе се знае дали клубот ќе опстане во елитното првенство.

Сепак, тука се верните навивачи кои „на мускули“ го држат клубот.

„Комити Запад“ – причината поради која Вардар никогаш нема да згасне

На оваа листа од УЈП се најдоа вкупно 1.918 правни лица и 3.790 физички лица се најдоа на последната листа на должници на Управата за јавни приходи.

Останува да видиме која ќе биде судбината со ФК Вардар.