Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица, а постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји, соопшти директорот Тедрос Адханом Гебрејесус.
Тој прецизираше дека мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега.
Како што тој информираше, регистрирани се 72 смртни случаја од претходно погодените земји.
Таму, каде мајмунските сипаници се појавиле неодамна, нема пријавено смртни случаи. Но, директорот истакна дека СЗО истражува за смрт во Бразил, поврзана со болеста.
Според него, глобалната појава на мајмунските сипаници е „необична и загрижувачка“.
Тедрос наведе и дека СЗО не препорачува масовна вакцинација против мајмунски сипаници.