Додека сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволам промена на Уставот за Договорот со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков Договор што е на штета на македонските интереси, напиша на Фејсбук претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Во видеото кое го објави, има извадок од неговиот говор на оваа тема, а кој го одржа во саботата на протестот пред Владата.
Според Мицкоски, францускиот предлог не е добар за иднината и народот на државата.