Државната изборна комисија го поништи гласањето на седум места. Ќе има прегласување во Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино.

Заклучокот е едногласно усвоен – ќе се прегласува

Членовите на ДИК едногласно усвоија дека ќе има прегласување во петтата и шестата изборна комисија.

Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Ваквите одлуки се донесени согласно член 151 став 3 од изборниот законик.

Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

Седницата на ДИК се одвиваше во живо

Погледнете како изгледаше прес-конференцијата на Александар Дашевски.

Управниот суд ги потврди решенијата на ДИК

Со оглед дека Управниот суд ги потврди решенија на ДИК и ги отфрли тужбите на подносителот предлагаме да се повтори гласањето. Комисијата едногласно го усвои предлогот да се прегласува на овие места. Гласањето ќе се одржи на 22 мај 2024 година, што значи дека идната среда се прегласува.

По колку мандати освоија партиите?

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ „За наша Македонија“ и Левица по шест пратенички мандати.