Во екот на летната градежна офанзива се асфалтираат повеќе улици во Ѓорче Петров, а тоа е само доказ дека најавените проекти веќе го даваат конечниот резултат.
Улиците 46,46а, 68, 4 и 6 во н. Кисела Јабука добија комплетно нов изглед. Продолжува изградбата и на нови улици во Ново село кои за прв пат добиваат асфалт.
-Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, а се реализираат поради барање на граѓаните да добијат услови какви што заслужуваат. Приоритетните проекти заслужуваат внимание за моите сограѓани, бидејќи големиот проект „Ѓорче без кал“ мора да станува реалност, перманентно работејќи на терен од самиот старт од мојот мандат. Приоритетот на реализицаија е предвидена во соработка со граѓаните од редовните приемни денови, од секојдневните средби во соседството, уличките, парковите, истакна Стојкоски при увидот на теренските активности кои се одвиваат на територијата на општината Ѓорче Петров.
Со засилена динамика продолжуваме и на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново село и Стопански двор. Во овие пет населени места во Општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.