Луна, Ана и Хана се имињата кои граѓаните ги избраа за трите лавчиња од скопската зоолошка.

-Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години, информираат од Зоолошка градина- Скопје.