Претседателот на Реал Мадрид и претседател на Европската Суперлига, Флорентино Перез ја критикуваше реформата во Лигата на шампионите.
– Несомнено е дека реформата на УЕФА во Лигата на шампионите во 2024 година не ве убедува … Не се ветувачки ниту форматот, кој никој не го разбира, ниту временскиот период, бидејќи реформата ќе се одржи во 2024 година … Или ќе ја поправиме ситуацијата порано, или сите клубови ќе банкротираат, изјави Перез.
Тој очекува бунтување на банкротираните тимови.
– Ќе преживеат само клубовите финансирани од државата или оние со сопственици мултимилионери кои се подготвени да изгубат стотици милиони евра секоја сезона за сопствена забава, додаде Перез.
Претседателот на Реал изминативе денови под силни критики поради формирањето на Суперлигата која беше официјално објавена на 19 април, а два дена подоцна проектот беше стопиран, откако англиските тимови почна да се повлекуваат од натпреварувањето.