Санкционирани се 155 возачи во Скопје во вчерашните засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.
За возење повеќе од дозволената брзина се изречени 27 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, шест за возач почетник, по пет за возење под дејство на алкохол и за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.