Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на Продолжуваме со промените (ПП), Кирил Петков, порача дека ГЕРБ како победник на вчерашните парламентарни избори треба да ја формира идната бугарска влада.
Ваквата порака тој ја испрати во првото интервју по првичните резултати од гласањето според кои ГЕРБ на Бојко Борисов е прва политичка сила со околу 5 отсто повеќе освоени гласови од ПП.
Во интервјуто за БНТ, Петков вели дека е задолжително тие да формираат нова влада бидејќи во спротивно ќе испадне дека користат една реторика дека знаат да воведат ред во хаосот и ги даваат сите нивни ветувања, а од друга страна не сакат да преземат политичка одговорност.