Марија Андоновска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје на денешната седница предложи амандман за субвенционирање на енергетската сиромаштија и со тоа ќе се помогне на социјално ранливите категории на граѓани.
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата замолува до Советот да го прифати предлог за доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани. Што значи ова? Бидејќи живееме во време на економска, финансиска, енергетска криза тргнувајќи од многу скопски општини каде што изнајдоа начин да издвојат дел од своите средства можеби не толку големи, но изнајдоа начини во овие тешки времиња да помогнат на социјално ранливите категории, тука спаѓаат социјално загрозени семејства ученици, студенти од социјално загрозени семејства, самохрани родители, деца без родители, пензионери со ниски примања и ние имаме еден амандман кој што издвојуваме средства до крајот на 2022 година кој што им излегле во пресрет на сите овие категории. Секако ние планираме и со буџет да поднесеме повторно доколку тоа не е предвидено како и сега, да поднесеме повторно барање барем до април месец следната година да добијат овие категории одредени средства како субвенција од градот Скопје. Оваа одлука која што ние ја предлагаме е доколку помине амандманот кој што го имаме предложено во ребалансот. Но барањето ми е да дозволи Советот да се постави оваа точка на дневен ред и со самото тоа ќе дадете значителен придонес за социјално ранливите категории, на ученици, студенти, семејства, пензионери, деца без родители, рече Андоновска.
Овој предлог кој што го посочи советничката Андоновска беше прифатен од страна на градот Скопје и целиот совет.
-Благодарност и до градоначалникот и до целиот совет, мислам дека овој амандман без разлика кој го поднесува денеска веста ќе биде градот Скопје, градоначалникот и Советот на градот Скопје излегле во пресрет на социјално загрозените категории. Јас благодарам во име на целата советничка група, порача Андоновска.