Капитенот а воедно и најдобриот играч на Англија Хари Кејн е подготвен за вечерашниот двобој помеѓу неговата селекција и Сенегал напомена дека англичаните влегуваат сигурно и дека им годи тоа што се фаворити но и дека потполно веруваат во нивниот тренер и дека се надеваат дека конечно трофејот од светското првенство ”ќе дојде дома”
Членот на Тотенхем се надоврза и говореше за Герет Саутгејт каде што истакна дека високо ја цени работата на предводникот на неговата репрезентација.
– Многумина во нашиот тим го бранеа Саутгејт дури и за време на неуспесите во летото, бидејќи го разбираме пресвртот што тој го направи за Англија на и надвор од теренот. Знам дека навивачите и новинарите секогаш бараат повеќе, но ние го освоивме првото место во групата на Светското првенство во 2022 година – и тоа не може да се занемари, бидејќи некои големи репрезентации не успеаја да стигнат до плејофот. Имаме многу среќа со Саутгејт бидејќи тој е одличен тренер кој игра клучна улога во нашиот успех, го цитира Кејн „Мирор“.
Натпреварот Англија – Сенегал ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот.