Аргентина го освои трофејот на Светското првенство во Катар, кој воедно е прв во богатата кариера на Лионел Меси, а по последниот судиски свиреж веднаш почна прославата.

Навивачите во Буенос Аирес почнаа да слават, а спикерот остана без глас откако прогласи победа за „гаучосите“.