„Мислам дека ако некаде потфрла Владата, тоа се два сектори, едниот е од условно кажано нивна потреба, лоша потреба, а вториот е од незнаење. Првиот е во делот на криминалот и корупција каде што си имаат лоша потреба да крадат и да неосновано се богатат функционерите на власта. А, вториот од незнаење, економијата. Мислам дека споредено со било која Влада претходно без разлика кој ја водел Владата и која политичка партија била внатре, ова е убедливо најслабиот економски тим кој што било кога раководел Влада и тоа го чувствуваат граѓаните“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Николоски додаде дека официјално во Македонија инфлацијата е 20%, можеби е и многу повеќе. И тоа значи тоа што минатата година чинело 1.000 денари, сега чини околу 1.200 денари во услови кога платите се исти. А, многуми граѓани за жал не земаат плата, затоа што голем број на фирми не можат да исплатат плата на вработените.
„За споредба во еврозоната, во рамки во делот на ЕУ каде што се користи еврото како платежна единица е 12%. Што значи дека само овие два сегменти ако се споредат во Македонија има преку 8% домашна инфлација“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека инфлацијата во основните производи е помеѓу 50 – 70%. Најосновно кажано производите кои што граѓаните ги користат секојдневно се поскапени за најмалку половина.
„Нема никаква помош, ниту интервенција од власта и затоа народот нагло осиромашува. И народот не гледа решенија кои што можат да се случат“, нагласи Николоски.
„Цената на електричната енергија за домаќинствата каде што власта многу се фали од 2020-та до денес е поскапена дупло. Нека споредат било кое домаќинство, нека земат сметка од исти месец од 2020-та и од 2022 година и ќе видат дека дупло им се покачени сметките за струја. Иако власта лаже дека се поскапени само екаде 10-15%“, рече тој.
Потпретседателот укажа дека во компаниите струјата е покачена од 400 до 800%. Ако некоја компанија плаќала 100.000 евра, сега плаќа 400.000 до 800.000 евра.