Ова е влада на бројки, која политичката сцена ја претвори во пазарџиска тезга, коментира заменик-претседателот на Беса, Арјанит Хоџа, за реконструкцијата на Владата, за што деновиве расправа Собранието во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат.
Нашата теза е дека треба ден поскоро да се видиме себеси и волјата да ја вратиме кај народот и народот да одлучи за тоа кој ќе ги претставува бидејќи во моментов не се претставува волјата на граѓаните туку само волјата на интересни групи на неколку политички партии за да спасат кариера, коментира заменик-лидерот на опозициската Беса.
„Тие не се борат за да имаат јасна визија како државата да се движи напред, туку борбата на владејачките партии е како да обезбедат некој пратеник плус за да го одржат во живот ова владеење до следните избори. Видете, нема никаква придобивка оваа влада од тоа што го продолжува својот мандат за 10 месеци. Ако оваа влада на новото мнозинство се изгласа после еден или два месеци, зависи од дебатата како се одвива во Собранието, ние автоматски после два месеци влегуваме во летниот период каде нема никаков вид владина активност или важни проекти и се подразбира дека останува од септември до јануари периодот во кој треба да работи оваа влада“,
смета тој.