На 03.03.2023 во 00.40 часот на ул.„Ангел Димовски“ Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Х.М.(34) од с.Врановци, гостиварско.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и поради сомнение дека во јуни 2021 година на подрачје на Центар се самозадоволувал пред женско лице од Скопје.

Во полициска станица, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.