Хрватската полиција синоќа уапси 19-годишник кој завчера украде трамвај во Загреб. Како што известија. Против него е почната кривична истрага.
Како што потсетува полицијата, во четвртокот околу 23 часот и 15 минути на загрепската улица Озаљска, младиот човек дошол до трамвајот, кој бил отклучен, го ставил во движење и се упатил кон улицата Тратинска, каде што го оставил трамвајот и избегал.
Полициската управа во Загреб во моментот на инцидентот добила видео снимка од трамвајот од одговорното лице на транспортната компанија, а полициските службеници ја утврдиле локацијата на можниот сторител, се наведува во соопштението.