За таа прилика во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 за овој проект зборуваше градоначалникот Петре Шилегов. Тој објасни низ кои траси ќе минуваат двете линии од т.н. трамвај на тркала.

– Едната траса е од Лисиче до Ѓорче Петров, а другата од Пинтија до Бутел. Првата траса ќе биде од Лисиче преку булеварот Јане Сандански, врти лево кон црвениот крст, десно низ центарот, по партизанска, до сегашното депо на ЈСП во Ѓорче Петров. Втората линија ќе биде од Пинтија до Бутел, објасни Шилегов.

Шилегов рече дека станува збор за еден проект кој што сега го користат многу градови, и му е драго што и Скопје е дел од тоа друштво.

Целата изјава низ видео: