Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, му напиша писмо на британскиот крал Чарлс Трети поради „расизмот“ и малтретирањето во кралското семејство, објави Телеграф.
Се наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри во Сасекс. Меган во интервју во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога се родил.
Винфри потоа прашала дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговорила: „Ако тоа е твојата претпоставка, сосема е сигурно“.
По тврдењата, Меган наводно добила писмо од тогашниот принц од Велс во кое ја изразува својата тага поради разделбата. Кралот исто така рече дека е разочаран шо Хари и Меган чувствуваат потреба да упатуваат такви гласни и штетни обвинувања, објави Сан.
Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со војвотката по тоа интервју. Се смета дека Меган (41) му возвратила на Чарлс, велејќи дека никогаш немала намера да го обвини постариот член на семејството во нејзиното писмо, наводно, како расист. Но, и покрај таа кореспонденција, Меган чувствува дека не добила задоволителен одговор на нејзината загриженост, изјави извор за Телеграф.
Принцот Хари на 6 мај ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III, без Меган и нивните две деца, Арчи, кој наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.