Принцот Хари сподели дека неговата 10-месечна ќерка Лилибет ги направила своите први чекори и дека „се обидува да биде во чекор со нејзиниот поголем брат Арчи“.

Во разговор за списанието „People“, војводата од Сасекс открил дека „едвај чека“ да ги однесе своите деца на игрите „Invictus“ и дека се надева дека Арчи, кој наскоро ќе наполни три години, ќе тргне по неговиот пат и дека ќе стане пилот.

-Кога разговарам со својот син Арчи за тоа што сака да биде кога ќе порасне, некои денови тоа е астронаут, други денови е пилот… Но, јас го потсетувам дека, без разлика на тоа што ќе стане кога ќе порасне, е најважан карактерот и дека ништо нема да нѐ направи погорди од тоа ако го има карактерот кој го има и денес, споделил тој.

Лилибет сѐ уште ја нема запознаено кралицата Елизабета II, која е нејзина прабаба, а малиот Арчи ги нема видено членовите на кралското семејство од 2020 година.

Пред неколку дена, Хари проговори за неодамнешната средба со неговата баба во Виндзорскиот замок.

-Таа имаше многу пораки за британската екипа која се натпреварува на игрите ‘Invictus’. Беше навистина убаво да ја видам и сигурен сум дека таа би сакала да биде тука, изјавил тој за „BBC“ од Хаг, каде се одржуваат игрите.

За време на средбата, Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека таа ќе ги гушне нејзините правнуци Арчи и Лилибет во блиска иднина.