Во рамките на активностите со кои што го посетуваме секое населено место во Република Македонија денес, нашиот тим се наоѓа во Вељуса, понатаму ќе продолжиме да го посетиме населеното место Водача и на крајот ќе отидеме во Рич, рече пратеничката Ели Панова.

Таа истакна дека на овие средби граѓаните јасно укажуваат дека некои од нив се каат за начинот како гласале во минатото, затоа што се покажа дека оваа власт е заинтересирана само за криминални тендери, а од друга страна пола милион граѓани живеат на работ на сиромаштија со по 150 денари на ден.

„На државно ниво се крадат милионски суми, а граѓаните живеат со 130 денари на ден. Пола милион граѓани се на работ на сиромаштијата поради тоа што оваа власт е алчна за криминални тендери и, буквално, распљачкување на македонскиот народ“, рече Панова.

Додаде дека граѓаните им укажуваат дека е време да му се стави крај на ова катастрофално владеење, за да се врати вербата и достоинствениот живот на граѓаните.