Полициски службеници од Полициската станица Драчево, синоќа во 21:55 часот, го лишиле од слобода А.А.(41) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 19:15 часот на ул.„Грнчаревска“ од возило на А.С.(30) од Скопје одзел чанта со пари и лични документи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.