Во неколку црногорски училишта и градинки изутринава пристигнаа информации за поставени бомби. Порталот RTCG дознава дека заканите повторно дошле преку мејлови.

Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, како и откажување на екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто одделение.

На адресите на неколку основни училишта во Подгорица околу пет часот утринава пристигнале информации за подметнати бомби. Закани добија и училишта во другите градови.

Неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините вчера добија закани за бомби. Наставата не се одржувала, а зградите биле веднаш евакуирани.

Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.