Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплениле 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари, објави СкопјеИнфо.
Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока.
Професорот Александар Стојков реагира преку фејсбук и му одржа лекција на Богоев.
– Како може да се запленат обврзници на странски државјанин? Тоа е како на странец да му заплениш имотен лист за негов апартман во Грција. Сопственикот ќе извади нов имотен лист. Тие хартии се само доказ дека човекот поседува американски обврзници. Ќе го принудат Турчинот да ги продаде американските обврзници и парите да ги уплати во нашиот буџет? Со кое право и образложение, вели професорот.
„Телма“ објави дека обврзниците биле регистрирани на Бахамите, а нивниот сопственик починал уште во 2015 година, односно тие не котираат на ниту една берза и се безвредни.