Предизвикот е шанса да се даде се од себе и таа неповторлива шанса за напредок директно поврзана за нашата интеграција во ЕУ ја имаме токму сега. Се наоѓаме во неповторлив контекст кога поради геополитичките прилики и потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент ние сме потребни на ЕУ и на демократската меѓународна заедница како што ни се потребни и тие на нас, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија, што се одржува вечерва во Филхармонија, по повод Денот на независноста – 8 Септември.
Тој истакна дека „гласникот на слободата“ 8 Септември во предвечерието на овој голем и важен празник на македонската државност – Денот на независноста, повикува на нов сигурен чекор напред.
-Пред 32 години во 1991 година со мнозинска опреселба од над 95 проценти од граѓаните е остварен аманетот за сопствена независна македонска држава на геренрации зад нас, глас што одекнува од Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година. Триесет и две години подоцна пред нас е гласот на граѓаните во мнозинска определба од 80 проценти за живот во Европа, во Европска унија, но во родната Република Северна Македонија, рече Ковачевски.
Генерациите на денешнината, наведе, имаат обврска да се одзват на повикот на денешниот 8 Септемрви кој од нас бара контиунитет на вековно поставена идеја за прогрес и напредок.
-Ова е шанса која доаѓа во време кога РСМ е меѓународно етабилирана држава, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ, со осигурани граници, со признаен македонски јазик и идентитет, земја пример за успешна мултиетничка демократија, која придонесува во регионалниот и европскиот мир, како слободна и суверена држава, членка на НАТО, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ, наведе Ковачевски.
На академијата, насловена „32 години независност“, присуствуваат членови на Владата, претставници на институции, на академската заедница, стопанственици, дипломатскиот кор,…
Академијата почна со интонирање на државната химна и проекција на документарен материјал за државата, а историски осврт изнесе Александар Литовски од Институтот за национална историја.
Со академијата стартуваа активностите што ги организира Владата по повод Денот на независноста, а утре продолжуават со културни манифестации, промоции, спортски активности.