Во СВР Скопје вчера е пријавено дека во Дом на АРМ во Скопје некој ја оштетил пломбата на бравата и влегол во просторија што ја користи Државната изборна комисија.
Со оглед на тоа што никој не ја користел таа просторија од 4 април годинава, не е познато кога точно провалникот ја скршил пломбата и влегол во просторијата на ДИК.
Од СВР Скопје велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Формирана е посебна комсија на ДИК која треба да утврди дали нешто недостасува од просторијата во која се чувале изборни материјали.