Знаете што е „лажњак“ по скопски? Оној дел што го ставате во колата за да го измамите алармот дека не сте го врзале на себе безбедносниот ремен. А, тој „лажњак“ ве прави потенцијална жртва во сообраќајот. Таков тип на „лажњаци“ се и еколошките активисти кои велат „СТОП за рудници на смртта“. Впрочем во претходната колумна ги нареков „Зелена Мафија“. Зошто? Бидејки се поопасни, ама не и искрени во делувањето како љубителите на животните.

пишува: Виктор ГРОЗДАНОВ

Дали ја знаете Грета Тунберг, скандинавски еко активист? Да, позната е во целиот свет. Ама, симптоматично не сте слушнале една поразителна информација дека токму Шведска и Норвешка во голема мера ги проектираат своите буџетски приходи од нафтата која се црпи преку платформите од морето, заради кои не ретко страда рибниот фонд, со што ги става љубителите на морски специјалитети во незавидна положба. Грета Тунберг вешто го занемарува овој еколошки инцидент во Норвешка. За мотивите можеме само да фантазираме.

Е, затоа се поставува следново прашање, а врзано со демократијата и капитализмот, а не режимскиот социјализам увезен од Сталин:

Кој сака Македонија да ја стави на раскрсница, а која поставува две прашања: нормален живот или сиромаштија?

За сиромаштија се тие кои сакаат да манипулираат, правејќи превид дека се романтичари, а всушност се еколошки „лажњаци“. Вешто, дури изгледа дека се и добро обучени, пласираат манипулативни информации со кои креираат паника кај населението со цел да создадат револт заради кој целата јавност не сака да ја слушне вистината.

Измамите се движат дотаму дека кога би се отворил некој рудник би се создале Пм2.5 честички со сулфати, кои наводно магично ќе прелетале до Скопје. А, и ученик од седмо одделение, на наставата по Географија научува дека Македонија е 85% планинска држава. Едноставно, ова тврдење е толку несериозно што претставува школски пример за манипулативна комуникација во јавноста. Невозможно е да се случи, па дури и сите ветрови на светот во еден момент да дуваат во исто време во правец на Скопје.

Втора измама која ја вели наводниот еко активист, а ја објавува во сериозен медиум вели дека ќе имало сулфур диоксид. Што премолчува? Таму нема пирометалургиска постапка (народски се вика пржење) и така да нема ниту теоретски можности да се појави сулфур. Металургијата е егзактна наука.

Третата измама, од незнаење или свесно ја кажува Министерот за смрт-Каја Шукова и тоа во интервју кај Васко Ефтов. Во Иловица-Штука ќе се употребувал цијанид. Забранет е во Македонија на 09 јануари 2019 година.

Четврта измама повторно ја проследува Министерот за Смрт-Каја Шукова. Во рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе имало брана за хидројаловиште висока 280 метри. Пак, уште еднаш соопштува целосно невистинити информации. Сите рудници кои сакаат да работат во Македонија преминаа на сува јаловина без употреба на вода, уште пред 3 (три) години. Значи нема брана.

И замислете ги сега заканите. Дека рудниците ќе извршеле еко геноцид и затоа еко лажњаците нема да дозволат да биде отворен рудник на елегантен, ама неумолив начин без насилство. Ова не се зборови на активисти. Ова се зборови на интересџии. Кои интереси ги водат брзо се дознава.

Еден таков пример е претходно прозваниот Мики Крстев кој очигледно револтиран што сум го спомнал ми одговара емотивно дека јас не сум знаел што е егзистенција со минимална плата. Ма немој? Искрено, и самиот знам дека е премногу „частење“ во две колумни по ред да се занимавам со ваков лик, но заради тоа што самиот, а богами и неговата партнерка, останати еко лажњаци кои се препознаа, упатија неколку суптилни закани кон мене, од „кикбокс пресметка“ и адвокатски дејствија, па затоа имам намера да им објаснам дека проценката им е погрешна. Јас не сум лажен. Сум поминал и сито и решето во животот. Од страв, за нивна несреќа, сум опериран одамна. Нивно право е да мислат дека некој ме купил (ако така им е полесно) арно ама нека не се лажат дека ќе ме уплашат и дека нема да го напишам и кажам тоа што го знам. Пораката до сите нив е, грешна Црква сте нашле за крстење. Многу не’ има, овој пат губите!

Овој Мики, кој веројатно заради возраста ја добил улогата на месинџер кој треба да создаде магла дека младите се против рударската индустрија, не’ уверува дека отворање на рудник е „луда идеја“ затоа што Струмичка котлина е загрозена, а истата ја рани Македонија. Значи, Струмичката котлина учествува со 11% во вкупното производство во гранката наречена земјоделие. Но, клучното прашање на кое Мики не одговара, е зошто тој лепчето не го вади во Струмичката котлина, туку во Комунална Хигиена Скопје? Нели е врвна манипулација да бараш земјоделците од струмичко да се борат против „рудникот на смртта“, а ти да си работиш во Скопје? Него, вака патем, дали Мики се вработил во Скопје преку политичката партија Левица? Ако е така, слушнал ли Димитар Апасиев за вработувањето на Мики, бидејќи едно од неговите стожерни програмски ветувања е вработување исклучиво преку оглас без никакви ургенции? Само да најавам дека заради правна хигиена Ана Марија Бранѓолица (односи со јавност во ЈП Комунална Хигиена Скопје) ќе добие серија прашања за тоа како се спроведува постапка за вработување во ова претпријатие.

За нормален живот сме ние нормалните прагматичари кои сакаме благодетите кои ни ги дава на располагање милата Земја планета да бидат рационални исползувани. Ние нормалните мора да ги браниме нашите деца и да им ветиме иднина. А, таа иднина се гради само на едноставен начин:

Ако имате гранка која носи финансиски приходи мора да се развива
Таа гранка се вика БАКАР. Огромна жица на БАКАР поминува низ Источна Македонија
Вредноста на прва руда со сите отворени и неотворени рудници на скапоцени метали во Македонија се мери во капитал од многу милијарди евра
Македонија мора да создаде Јавно Претпријатие Топилница на обоени метали олово, цинк, бакар, злато и сребро). Лична сопственост на Македонија и со надлежност за трговија со металите ископани на нејзина територија.
Ова е само дел од стратегијата која ја пишуваме ние нормалните кои велиме дека „Бронзеното Време“ го развило земјоделието, транспортот и комуникациите. За „Патлиџан време“ не слушнал никој, дури ниту вистинските екологисти не разбираат дека патлиџан всушност мора да се вика „Домат“.

Сепак, еко „лажњаците“ мислат дека се во предност. Еден таков е и лидер на политичка партија која го измисли терминот „Рудници на Смрт“. Дали знаете зошто е тоа направено?

Бидејќи родителот на лидерот на политичката партија е кодош на нашите безбедносни служби и ги дели сите моменти стекнати со Драган Богдановски кај нив. И тоа знаете кога? Во 1969 година. Досието е кај мене. Како беше? Ќе тркне… (кодошов) до Русија, па ние ќе му дадеме пари за книгите што ќе му ги однесе на Драган. Е сега, ако го имам јас досието, тогаш го има и некој друг. Значи за разлика од мене, некој сериозно работи на случајот Македонија да пропадне!

Почитувани, многумина не ни мислат добро. Затоа мора со мирна глава да работиме. Полека и прецизно.

Во следната колумна ќе споделувам информации за :

Македонска Асоцијација за Рударство (МАР)
Како Николајчо Николов од Рудникот Бучим и претседател на МАР ги прелажа Бранко Азевски, Антони Пешев и каква реакција истиот доби од Рудникот Казандол
Како ги навредија и измамија Сашо Пешев и Оливер Ромевски кои беа добронамерни во намерите Македонија и нејзините граѓани да профитираат од модерната рударска индустрија
Зошто Ванчо Чифлиганец како вистински патриот никогаш нема кажано дека може да постои само еден рудник за бакар
Драги мои читатели, обременети со секојдневните животни предизвици, досега не сте имале прилика да се соочите со вистината. Кога ќе разберете со кого си имаме работа, ќе ви се крене косата на главата. Повторувам, нема случајности во животот. Некои (не)добронамерници, свесно со умисла или ставени во заблуда, за грст пари прифатија да одработуваат еден ГРАНДЕ АНТИ НАТО ПЛАН, кој мора да ја држи Македонија во „статус кво“ состојба, особено во делот на рударската индустрија. Во нивните планови Македонија по ниту една цена не смее да пркне на економски план. За нив е најефикасно Македонија да стане земја на духови, сите млади да избегаат надвор, а тие хибридно да владеат со ресурсите кои лежат под нашата македонска почва. Наша обврска е да помогнеме лагите да се разобличат. Да извршиме притисок врз најодговорните политички чинители, по прашањето на рударската индустрија, да не водат „купи ден, продај ден“ политика. Ова прашање е поголемо од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тука нема простор за политиканство и гол популизам. Борбата за гласови да се води на други теми. Развојот на рударската индустрија во Македонија е прашање на визија за долгорочен економски развој.

Да живее Македонија!

Извор: НЕТПРЕС