-Сфатив дека нешто се случува со мене по 12 часа по операцијата кога имав големи болки, подуен стомак и докторите ми кажаа дека тоа е нормално зошто ми била втора бременост и така бев оставена 5 дена во болки и ниту еден доктор не ми направи ехо. Сакаа да ме испратам дома. рече Веапоска.
Таа истакна дека на не прифатила да оди дома, и била задржана во болница. Откако била отпуштена, а стомакот постојано и бил надуен и не се чувствувала добро. Во отпусното писмо не пишува дека се вадени органи. Докторот напишал дека се породила со женско дете, но не пишува ништо за органите. Вели дека во КАРИЛ дознала дека и се извадени органите.
-Јас и со првото дете бев кај него на прегледи таа беше одделена со посебен влез.Во ординацијата имаше се јас информацијата дека таа е дива и нелегална дознав од медиумите. Да знаев сигурно немаше да се прегледувам, изјави Веапоска.
Во интервјуто, Веапоска се заблагодари што Асани се соочи со санкција, но се уште постои разочарување кај неа.
-Благодарност до Министерството за здравство што го разреши доктор Мухамед Асани. Но, тој се уште ќе работи како доктор, се уште ќе породува други жени. Зошто не доби посериозна санкција?, загрижено прашува Веапоска.