За жал, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска потврди дека предложениот закон за амнестија е изгласан од Владата и доставен до Собранието. Законот се очекува да се најде на дневен ред на пленарна седница в четврток.
-Многупати имам кажано дека постојат и други алтерантивни мерки, дека не мора со Законот за амнестија да се испразнат, тоа може да биде и условен отпуст, пробација и тогаш мислам дека многу многу повеќе ќе се намалат затворите, бидејќи и анализите на Управата за извршување на санкции покажаа дека станува збор за многу помал број на затвореници кои би ги напуштиле затворите со овој Предлог закон, изјави Аврамовска.
Во однос на инсистирањето на првиот човек на Министерството за правда за носење на овој закон, Аврамовска појаснува дека Законот за амнестија од Министерството за правда е предложен со цел да може да се намали бројот на осуденици во казнено поправните установи, којшто во моментов е прилично голем. Притоа таа наведува дека единственото нешто што во јавноста е коментирано е дека кога ќе се донесе тој закон, одредени случаи што се од јавен интерес, ќе може да предизвикаат незадоволство.
Останува да се види какви импликации ќе има Законот за амнестија врз казнено-правниот систем.
Извор: Алсат