Во текот на вчерашниот во градот Скопје полицијата санкционира 109 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила.
Казните најмногу се за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон при возење.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од МВР.