Познати првичните информации за несреќата во светиниколското село Амзабегово, во која на фарма еден работник почина а друг се бори за живот на Клиниката за Токсикологија од труење од хемиска материја, пренесе Фокус.

Починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува салата со дупката, се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од салата, кон дупката, каде и починал. Неговиот колега сакал да му помогне, но бил повлечен од страна на други колеги. Како што наведуваат од Клиниката за токсикологија, тој има оштетување на мозокот и по компјутерската томографија ќе се знае колкави ќе бидат последиците.

Увид на фармата изврши Државниот трудов инспекторат и по комплетирање на извештајот, утре ќе ѝ биде презентиран на јавноста.
Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

Обдукцијата на телото на починатиот ќе покаже од каква хемиска материја се затруле двајцата работници.