Двегодишно девојче од Кичево почина во болница по 22 дена борба за живот.

Според инфорнациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември и нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Како што се наведува, девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, во понеделникот починала.

Во координација со јавен обвинител, против 30-годишниот татко Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево. Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра.

На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево.

Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала, информираат од СВР Охрид.